Ахмети се сретна со заменик-амбасадорот на САД Путни

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска, на работна средба со заменик-амбасадорот на САД во Република Македонија Барт Путни, рече дека е многу важно Договорот од Пржино целосно да се спроведе и без понатамошно одложување да биде комплетиран тимот на Специјалниот обвинител, како и да се достават останатите закони во Собранието.

Како што соопшти ДУИ, Ахмети и Путни во Амбасада на САД разговараа околу отворените прашања од Договорот од Пржино, преговорите на работните групи, како и околу чекорите кои ДУИ планира да ги преземе во зависност од напредокот на неговото спроведување.
Според лидерот на ДУИ, „двете политички партии треба да разберат дека Договорот треба да се затвори веднаш и дека секое одложување е на штета на државата и граѓаните“.

Евроатлантската иднина, оцени Ахмети, се држи во заложништво од страна на неподготвеноста за компромис и ова ќе влијае многу и во меѓуетничките односи и општата состојба во земјата.

ДУИ како дел од сите случувања во врска со Договорот од Пржино ги разгледува и испитува сите можни опции.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза