Руската компанија Скај Диитал Технолоџи, која вложи 300 милиони долари во Фејсбук, сака да продаде само една третина од купените акции и тоа по цена од милјарда и пол долари.
Со оваа трнсакција, компанијата предводена од тајкунот Јуриј Милнер, битно ќе ја зголеми својата вредност.
Вредноста на Фејбук, во 2009-та, кога Милнер вложи 300 милиони долари, беше за 5 милјарди долари пониска од крајот на 2007-ма кога Микрософт плати 240 милиони долари за 1,6 отсто акции.
„Вложувањето на Микрософт се совпадна со апсолутниот врв на овој пазар. Кога ќе се споредат економските состојби во периодот кога беше направен договорот со Микрософт, ние сме задоволни со постигнатиот напредок“, изјави тогаш Марк Зукенберг, основачот на Фејсбук.
Експертите за инвестиции велат дека Милнеровиот пристап е нова појава на пазарот, да се вложи огромна сума пари во моментот кога сите останати се повлекуваат.
Притоа најважно е да се пронајде компанијата која е лидер во својата категорија, да се направи голема инвестиција за да се победи конкуренцијата и зацврсти водството и последно, да се усмери истата таа компанија да излезе на берзата.