Средба на Заев со претставници на земјите пријатели на Македонија во ЕУ

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со претставници од амбасадите на земјите од групата пријатели на Македонија во ЕУ, меѓу кои Шведска, Австрија, Словенија, Хрватска, Чешка и Словачка, предводени од амбасадорот на Чешка во земјава, Мирослав Рамеш.

На средбата се зборуваше за актуелната состојба во Република Македонија и европска перспектива на земјава.

Претставниците од амбасадите на земјите коишто се дел од групата пријатели на Македонија, изразија сериозна загриженост од прекршувањето на роковите предвидени во Договорот од 2 јуни / 15 јули.

Амбасадите на Чешка, Шведска, Австрија, Словенија, Хрватска и Словачка соопштија дека овие земји, членки на ЕУ, очекуваат целосна имплементација на Договорот од 2 јуни / 15 јули.

Дополнително, посочија дека исполнувањето на Договорот е од суштинско значење за европската иднина на Република Македонија.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, се заблагодари за искрената помош од овие земји за Република Македонија и за сите нејзини граѓани.

Заев рече дека за СДСМ не постои друго решение освен целосно и доследно спроведување на Договорот од 2 јуни / 15 јули.

-Договорот мора да се почитува и целосно да се имплементира. Специјалното обвинителство мора да се комплетира. Министрите мора да ги имаат ингеренциите за да гарантираат остварување на целта за регуларни, слободни, фер и демократски избори на коишто граѓаните слободно ќе одлучуваат а победникот ќе има полн легитимитет.

За СДСМ и опозицијата во земјава, интеграцијата на Република Македонија во ЕУ и НАТО нема алтернатива. Сметаме дека тоа е појдовна основа за подобра и сигурна иднина на Република Македонија, посочи претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски