Европскиот парламент на пленарна седница со мнозинство гласови усвои резолуција со која се повикуваат државите од ЕУ да прекинат со гонење на Едвард Сноуден и да му се даде заштита.
Парламентарците ги повикаа државите од ЕУ да прекинат гонење на Сноуден, да му се даде заштита и да се спротистават на негово екстрадирање или враќање во трети држави, во знак на признание за неговиот статус заштитиник на човекови права.
Поранешниот соработник во разузнавањето на САД, Едвард Сноуден откри во 2013 година податоци за тоа како американската Агенција за национална безбедност масовно шпионирала не само граѓани на ЕУ туку и европски лидери.