Наградата „Сахаров“ годинава ја доби затворениот саудиски блогер Раиф Бадави

Од:

Наградата за човекови права „Андреј Сахаров“ годинава ја доби саудискиот блогер Раиф Бадави, информира денеска во Стразбур претседателот на Европскиот Парламент, Мартин Шулц.

-Станува збор  за добар и примерен човек кој е осуден на најбрутална казна, рече Шулц пред новинарите во Стразбур.

Бадави во Саудиска Арабија е осуден на 10 години затвор и 1.000 удари со камшик заради наводно богохулење, а Шулц денеска јавно го повика саудискиот крал да го ослободи Бадави за да може лично да присустува на доделувањето на наградата.

Наградата „Андреј Сахаров“ се доделува од 1988 година. Првиот добитник беше Нелсон Мандела, а минатата година ја доби африканскиот гинеколог Денис Муквеге.

Би можело да ве интересира

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Македонија

Советот за човекови права при ОН ќе расправа за прекршувањата на правата во Иран

А1он

Европскиот суд за човекови права ја осуди Романија

А1он

ЕУ: Руските граѓани не се повеќе заштитени со Европската конвенција за човекови права

А1он

Америка и 20 нејзини сојузници ја осудија Куба за наводното кршење на човековите права

Жарко Настоски

Маричиќ: На Денот на правосудството добивме уште еден охрабрувачки Извештај за состојбите со човековите права на САД

Ана Ололовска