Легендарниот кошаркарски тренер Ранко Жеравица почина утрово во Белград на 86 години.
Жеравица со репрезентацијата на СФР Југославија освои злато на Олимписките игри 1980 година и на Светското првенство во 1970 година, а сребро на Игрите во 1968 година, на светското првенство 1967 и Европските во 1969 и 1971 и брнзи на СП 1982.
Во тренерската кариера Жеравица ги предводеше Партизан, Барселона, Пула, Црвена звезда, Сарагоса, Десио, Наполи, Конзервас, Сплит, Јувеказерта. Како тренер работеше до 2003 година.
Жеравица е примен во Куќата на Славните 2007 година.
Пред шест години Жеравица доживеа инфаркт, по што му се вградени три бајпаси, а во февруари година вграден му е и стент по првиот срцев удар, кој го доживеа во Сарагоса.