Русија е против резолуција на ОН која ја критикува употребата на барел бомби од силите на Асад во Сирија

Од:

Русија соопшти дека е против предлог резолуцијата на ОН која ја критикува употребата на барел бомби од страна на силите на Асад во Сирија.

Текстот на резолуцијата е предложен од Франција, Велика Британија и Шпанија, откако овој проблем можно е да ги отежне претстојните меѓународни преговори за смирување на ситуацијата во Сирија, информираа американските медиуми.

Британскиот постојан претставник во ОН, Метју Рајкрофт, изјави дека предлог резолуцијата е пуштена меѓу членовите на Советот за безбедност, а во следните денови ќе биде претставена на сите земји членки.

-Според мене, важно да го гарантираме запирањето на тоа неразбирливо бомбардирање, од кое загинаа многу луѓе, кое тероризира толку многу народ и е една од главните причини за огромниот наплив на бегалци и мигранти од Сирија, истакна Рајкрофт.

Заменик претставникот на Русија во ОН, Пјотр Иличов, пред новинарите во Њујорк изјави дека не го видел текстот на предлог резолуцијата. Но, додаде дека времето не е погодоно за вакви резолуции, бидејќи може да ги отежне напорите на меѓународната заедница, што се преземаат во Виена.

Рускиот дипломат притоа ги имаше во предвид денеска почните дводневни преговори во австриската престолнина, што претставуваат досега најсериозен напор за прекин на сириската војна, која навлезе во своата петта година и предизвика смрт на 250.000 лица, расели над 10 милиони и предизвика огромна хуманитарна криза.

Би можело да ве интересира

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација