Бидхја Деви Бхандари од Комунистичката партија на Непал денеска стана правата жена претсеадтел на државата.
Таа беше избрана од парламентот со 327 гласа наспроти 214 кои беа против. Во Непал претседателот има церемонијална функција.
Со новиот Устав прифатен минатиот месец таа држава требаше да избере нов претседател.
Бхандари (54) е заменик претседател на партијата што ја предводи премиерот Кхадга Прасад Оли кој од овој месец стапи на функција. Согласно Уставот, една третина од парламентарците треба да бидат жени како и претседателот или потпретседателот.