Електронско прибирање на податоци во Државниот завод за статистика

Од:

Државниот завод за статистика соопшти дека во насока на осовременување на производството на официјални статистички податоци спроведува  електронско прибирање на податоци преку системот Е-стат.

Овој систем е наменет, пред сѐ, за компаниите и институциите и значително го олеснува процесот на доставување на статистички податоци, го намалува потребното време за пополнување на прашалниците и се редуцираат трошоците за компаниите – извештајни единици.

– Придобивките од воспоставувањето на овој систем се големи како за компаниите, така и за Заводот. Со системот за електронско прибирање на податоци се обезбедува зголеменa ефикасност на статистичките процеси, навремено производство на висококвалитетни статистички податоци со намалени  трошоци, а истовремено се влијае на намалувањето на оптовареноста на давателите на податоци, се вели во соопштението од Државниот завод за статистика.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза