Мултимедијален настан на „Цивил“ за слободни избори

Од:

„Цивил“ – Центар за слобода, организира мултимедијален настан „За слободни избори“ денеска, од 14 до 21 часот во ГЕМ и Менада, Стара Чаршија.

На овој мултимедијален настан се поканети бројни познати лица од јавниот и општествениот живот, кои ќе бидат дел од видео спотот посветен на гласачкото право и потребата од слободни избори. Дел од гостите ќе бидат поканети да го споделат и својот музички вкус со присутните.

„Секој што ќе дојде во Менада и ГЕМ денеска, ќе има можност да зборува, прочита или рецитира на отворениот микрофон. На програмата се видео проекции кои гостите ќе имаат можност да ги гледаат на некој од мониторите или на платното за проекции. Во близина на „Менада“, на платото на УЈИЕ, ќе биде поставен информативен штанд на кој граѓан(к)ите ќе добијат информации за своето гласачко право и ќе можат да споделат информации за притисоците и злоупотребите со кои се соочуваат. „Цивил“ организира и фото-петиција каде граѓан(к)ите ќе можат да испратат порака „За слободни избори“, се наведува во соопштението. 

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски