„Лекари без граници“ го осудија воздушниот напад на коалицијата, предводена од Саудиска Арабија врз нивна болница во Јемен, јави ДПА.
Меѓународната хуманитарна организација соопшти вчера дека во воздушните напади на коалицијата била разурната нивна болница во северен Јемен, при што настрадало едно лице од персоналот.
– Нападот е уште еден пример за целосното непочитување на цивилите во Јемен, каде бомбардирањата се претворија во секојдневие, рече Хасан Бусенин, раководител на мисијата на „Лекари без граници“ во Јемен.