Груевски по изјавата на амбасадорите: Народот на Македонија одлучува за нејзината иднина

Од:

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска на Твитер одговори на барањето на амбасадорите дека договорот е најдобриот начин за излез од политичката криза.

Како што пред Владата рече британскиот амбасадор Чарлс Гарет, амбасадорите во петокот на средбата со Груевски го искажале своето разочарување што не се испочитувани договорените рокови.

„Ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да демонстрира ангажираност за имплементација на договорот, конструктивност, добра волја и ургентност. Го повикуваме Груевски да го охрабри неговиот тим да најде решение за отворените прашања за брзо спроведување на реформите. Со имплементација на забелешките да обезбеди избори кои ќе бидат признаени дома и надвор од Македонија. Притоа да покаже отчетност за евентуалните прекршувања“, рече Гарет.

„На изборите на 24. април народот ќе каже кого поддржува и во кого има доверба. Нема да каже ниту некој странец, ниту некој со волшебен стап ќе ги реши нашите проблеми.Губење на препораката за членство во ЕУ народот нема да го доживее како нешто трагично “, изјави Груевски на Денот на ВМРО.

За да го потврди својот став, говорот на Груевски, сега преведен на англиски јазик, е објавен на страната на Владата, и на Твитер профилот на премиерот Груевски денеска попладне, непосредно по изјавата на амабасадорите .

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on