Саздов: Локвенец издаде државна тајна

Од:

Колегата Локвенец за ова треба кривично да одговара. Презентираната информација, особено во делот на судските налози е класифицирана информација која што има степен „државна тајна“ и ни беше доставена до нас пратениците. И за ова ги молам сите релевантни институции да се вклучат во понатамошно гонење за овој сторен криминал, изјави Павле Саздов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија, на денешната прес конференција, по посетата на собраниската комисија на Управата за безбедност и контраразузнавање.

– Инаку за волја на вистината, има разлика во начинот на калкулирање на налозите кои што произлегуваат од страна на Основното јавно обвинителство и во насока на она што претставува отворање налог во Управата за безбедност и контраразузнавање. Меѓутоа, пак ќе повторам, тоа се класифицирани информации за кои што навистина не сакам да навлегувам во суштинско презентирање бидејќи не сакам да го прекршам законот како што тоа го направи колегата Хари Локвенец – рече Саздов.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски