Најмалку 180 луѓе загинаа, речиси 300 се повредени денеска во силен земјотрес со интензитет од 7,5 степени според Рихтеровата скала, што погоди региони во Авганистан и Пакистан.
Претставникот на пакистанските власти Инајатулах Кан соопшти дека бројот на жртвите од земјотерсит во Пакистан се искачил на 145 лица, од кои дури 121 ги загубиле животите во провинцијата Кибер Пактунква. Жртви има и во порвинциите Пенџаб и во пакистанскиот дел на Кашмир
Од друга страна во Авганистан, каде што и беше епицнетарот на потресот, досега е соопштено за најмалку 35 загинати.
Претставници на властите и во двете земји предупредија дека е можно бројот на жртвите да расте, бидејќи комуникациите во поголем дел од реоните погодени од потресот се во прекин, па засега немаат прецизни информации за цифрата на загинати.
Во северните региони на Пакистан веќе неколку часа има прекин во електричната енергија и на телефонските комуникации, а крај Аботабад биле регистиррани и неколку свлечишта.
Локалните медиуми јавија дека потресот се почувтсувал и во северна Индија, Непал и Таџикистан, Во Њу Делхи зградите од силниот потрес се лулале цела минута, поради што стотици исплашени луѓе истрчале на улиците.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 196 километри, со епицентар на 82 километри југоисточно од градот Фејзабад на планината Хиндукуш во Авганистан.