НДП: Без разрешување на кризата нема избори

Од:

„Национална Демократска Преродба изјавува дека политичката криза во земјава секој ден се влошува уште повеќе, и поради овој факт се бара максмимален ангажман на сите инволвирани страни, со јако посредништво од меѓународната заедница. Овој ангажман треба целосно да биде ориентирано во насока на максимално почитување на договорот од Пржино и имплементација на извештајот на Прибе, и да не се размислува за изборите бидејќи избори нема да има доколку нема разрешување на ова длабока политичка криза.

Национална Демократска Преродба изјавува уште еднаш дека земјата се наоѓа пред еден голем предизвик помеѓу патот на хаосот што подразбира недостиг на владеење на правото, и евроатланскиот пат што подразбира враќање на владеење на правото преку максимално почитување на договорот од Пржино и на препораките на извештајот на Прибе. Локалните политички актери треба да разберат еднаш за секогаш дека времето на тие што ја доведоа земјата на работ на пропаст е завршено, и поради ова, што побрзо да го прифатат овој факт уште подобро ќе биде за самата земја во целина. Единствениот пат е разрешување на сите отворени проблеми, а не изборите“, се вели во соопштението на НДП.

Би можело да ве интересира

Тимоние на средба со Весел Мемеди во НДП, разговарано за причините за неучество на изборите

Ландов

НДП нема да учествува на изборите поради неуспехот на албанската опозиција да формира свој блок

А1он

НДП избра ново раководство

Ана Ололовска

Заврши вториот Конгрес на НДП, Весел Мемеди избран за претседател

Ана Ололовска

НДП го поддржува консензуалниот кандидат

Ана Ололовска

Мемеди: Време е правдата да зборува

Ана Ололовска