Околу 30 исламски радикали упаднаа денеска во супермаркет во јужниот јеменски град Аден, стрелаа во воздух и зедоа заложници, по што набрзо ги ослободија, соопштија извори од службите за безбедност и очевидци.
Исламистите пристигнале со четири возила. Клиентите се разбегале, по што тие пукале во воздух, но извесен број биле блокирани внатре, кога напаѓачите ги заклучите вратите.
Тие ги ослободиле заложниците по помалку од час, и го напуштиле супермаркетот. Некои клиенти биле полесно ранети, од удари со нозе од исламистите.
Според очевидци, исламистите изјавиле дека протестираат против собирањето на мажи и жени во супермаркетот, и барале продавачките да си ги покријат лицата, во согласност со исламскиот закон.