„Климата се менува, од нас зависи” кампања на УСАИД во Виница

Од:

Под мотото „Климата се менува, од нас зависи“ денеска на плоштадот во општина Виница се одржа кампања во рамки на проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени, спроведуван од Милиеуконтакт Македонија.

Целта на кампањата е да се укаже дека климатските промени и уништувањето на животната средина во голема мера се резултат на човековото однесување и затоа преку нашите индивидуални напори, сите ние можеме да ги намалиме глобалните закани од климатските промени и со тоа да им помогнеме на нашите локални заедници.

Кампањата се реализира за време на пет викенди, а таргетира млади луѓе на возраст меѓу 10 и 17 години во општините Студеничани, Пехчево, Делчево, Виница, Богданци, Кривогаштани, Прилеп, Боговиње, Маврово Ростуша и Теарце. Кампањата ќе трае до 14-ти ноември.

Изминатите два дена кампањата беше спроведена во општините Пехчево и Делчево, а следниот викенд (31 октомври) ќе продолжи во општина Богданци, информираат од УСАИД.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза