Николиќ и Дачиќ утре во Куманово

Од:
Претседателот на Србија Томислав Николиќ и премиерот Ивица Дачиќ ќе присуствуваат утре на одбележувањето на 100. годипшнината од почетокот на Првата балканаска војна кај Зебрњак, кај Куманово.Николиќ со посетата на Зебрњак ја завршува тридневната посета на Македонија.

Освен претседателот и премиерот на Србија, во делегацијата ќе бидат и министерот за правда Никола Селаковиќ, а најавено е и доаѓањето на делегација на српското собрание.

Претставници на државниот врв ќе положат венци на споменикот на српските војници, а владиката Атансије е најавено дека ќе служи помен на паднатите борци.

Николиќ во текот на посетата на Македонија се заблагодари на државниот врв што овозможи овој ден да се слави на Зебрњак.

„Сите главни битки на српската војска беа на територијата на Македонија. Сите Срби кои изгинаа, изгинаа на територијата на Македонија. Ние тоа и денес го одбележуваме“, рече Николиќ во Скопје.

Во октомври 1937. година на ридот Зебрњак недалеку од Куманово свечено е осветена спомен костурницата и големиот споменик, подигнат во чест на загинатите војници.

Споменикот на Зебрњак е дело на белградскиот архитект Момир Куруновиц.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија