Колкава е заканата од астероидите?

Од:

Ал Џезира Балкан – Сараево

Удар од голем астероид или гигантски печурки од нуклеарни експлозии – иако во нашиот технолошки софистициран, но и се поранлив свет, постојат и реални цивилизациски катастрофи, се чини дека многу луѓе при помислата на „армагедон‟ им затреперуваат пред очите такви слики од уништување на светот каков што го знаеме.

Навистина, милиони вселенски објекти, помали од 100 метри или големи повеќекилометарски карпи, брзаат во вселенскиот простор, а повремено некои од нив „поминуваат‟ и во наша близина. Во Вишњан се откриени повеќе од 1.400 астероиди. Така, пред десет дена, на оддалеченост од повеќе десет милиони километри, прелета еден од нив.

Астероидите всушност постојано се „тука некаде‟. Но, како што кажува Корадо Корлевиќ, водител на Опсерваторијата во истарскиот Вишњан, никој поради тоа не би требало да спие. Корлевиќ со повеќе од илјада откриени парчиња е еден од 20 најголеми светски пронаоѓачи на астероиди, од кои еден го носи неговото име. Во средината на 90-тите години во минатиот век дојде до паника кога се сфати дека на Земјаните постојано им се заканува опасност од удар, а никој не знае каде потенцијалниот „масовен убиец‟ се наоѓа. Затоа, итно се зафатија со работа за откривање на овие слабо видливи објекти. На потрагата се приклучи и Опсерваторијата во Вишњан, чиј нов објект за надгледување се наоѓа во соседниот Тичан.

Оваа опсерваторија стана феномен кога во однос ќе се стават финанскиските можности и признатите откритија на повеќе од 1.400 астероиди, две комети и бројни други објекти. Во почетокот на минатата деценија оваа мала опсерваторија беше меѓу првите 10 во светот според резултатите и тоа со телескоп кој е склопен од отпаден материјал и стакла од фабрика. Но, во последниве години средствата драстично се „сечат‟ бидејќи состојбата сега, вели Корлевиќ, е добра.

Фокус на нова опасност

„Поминати се 20 години во силна обработка на оние потенцијално опасни астероиди, кои можат да ја уништат цивилизацијата, тие кои се над еден километар. И таа работа е во 90 отсто решена. Ќе се работи во еден вид на ладен погон, и сите ние ќе се вклучиме и сите ќе работиме, но не со таков приоритет како што беше во 96 година, кога заклучокот беше дека не знаеме каде ни се тие објекти, дека може да завршиме како диносаурусите, а да не знаеме дека постои нешто на патеката. Сега тие не се на патеката, нема да завршиме како диносаурусите, можеме да завршиме на друг начин, како Маите, но не како диносаурусите‟, вели Корлевиќ.

„Пресметките велат дека опасноста од удар од преостанатите 10 неоткриени отсто е на големи парчиња помали од 1:2 000 000 и заклучок е дека фокусот треба да се стави на друга опасност‟.

„Се смета дека во позадина е помала опаснот, да речеме, од ерупција на супервулканот Јелоустон, дека многу помалку е опасно од колапс на комплексните системи, од нуклеарна војна која случајно ќе почне. Или пак да речеме од добиени генетски модифицирани микроорганизми. Сега постојат опасности кои се енормно поголеми од астероидите‟.

Така, со помош на финансиската криза, дојдоа нови времиња за опсерваторијата. До пари е потешко да се дојде, поддршката на институтциите изостанува од разни причини, но средства се собираат од поединци и компании од Хрватска и од странство.

Главниот телескоп некое време не работеше, но во меѓувреме се најдени нови програми. Се работи на широка мрежа на камери кои деноноќно го снимаат небото. За таа цел се монтираше и тн. Шуманова антена, која е најголема на светот. Направена е од отпадни делови и веќе фати еден сигнал. „Присилени сме да бидеме креативни‟, вели Корлевиќ.

„Метеорски потоци‟ и вселенски отпад

Небото го снимаат 30 камери, но секако би требало да бидат 100. Во мрежата се и камери на подрачјата на Србија и БиХ, а БиХ сепак има камера на Пелешец. Меѓу другото се детектираат и „метеорски потоци‟. „Во вселената летаат рој метеори и можат да бидат опасни за сателитите, за астронаутите и е еден од начините да се мерат ракетите кога влегуваат во Земјината атмосфера и пресметува од каде доаѓаат. Нашата мрежа е многу ефикасна во тоа, така да моментално има 600 познати метеорски потоци што астрономијата ги откри, а 100 од тие 600 ги откри хрватската метеорска мрежа. Нешто за што речиси не се ни знае дека постои ‟.

Во подготовка е нов проект. „Ќе влеземе во подрачје кое никогаш не сакавме да го работиме, но гледаме дека е потребно и очекувам дека може да биде интересно. Работата е тешка и се работи за мапирање на вселенскиот отпад. Ние во меѓувреме во орбитата го исфрливме идниот проблем. Тој иден проблем некој треба да го мапира и тоа е работа која тичанскиот телескоп може да ја направи без проблем‟.

Младен Корлевиќ вели дека телескопот е задолжен за механиката и оптиката и треба да проработи за еден месец. Се работи за осетлива машина која треба редовно да се сервисира и да се одржува.

Телескоп наскоро во функција

„Тежок е 25 тони, а прецизноста е во десетинка милиметар кај спојувањето. Така да е прилично бавна работа. Најлесното парче е некои 500 килограми, а потоа одиме понатаму. Тој е еднометарски телескоп и има своја цел таков каков што е. Да е поголем не би ни одговарал за работата која ја работиме, да е помал исто така. Тој е за следење на мали објекти внатре во Сончевиот состав, специјализиран за таа работа‟, вели Младен.

На тимот неодамна му се придружи електроничарот Игор Радовиќ, волонтер од блискиот Бузет. Стигна привлечен од достигнувањата на начинот, филозофијата и важноста на работата. „Јас исклучиво сум конзумент на информации за сега и пробувам да се запознаам со сите потреби на таков вид проект и ако денес-утре на некаков начин би бил во можност да придонесам на една таква идеа, проект, секако би сакал во тој случај да помогнам‟, вели Игор.

Тој е последен во долгата низа волонтери, ентузијасти и посебно деца и ученици од Хрватска и странство, кои соработуваат во летните училишта, работилници и други вишњански едукативни програми.

Едукациски програми

„Астрономијата прави една седмина и возраста од која почнуваме да работиме е од 3 години нагоре. Значи низ шумската градина, тоа е некаде до пет години, потоа се програмите на клубовите на истражувачите, потоа преку лето се камповите за наука за млади. Но малку е покомплицирано од тоа зошто кога кажуваме наука, сите мислат на хемија, физика… во овој случај се и општествените науки, а има и уметност‟.

Целта е да се открие потенцијалот на децата и да се подигне нова генерација на млади заинтересирани за наука. А поим за научник во 21 век, вели Корлевиќ, е Леонардо да Винчи пред Алберт Ајнштајн – светот брзо се менува и треба да се сме во чекор со поширок спектар на интереси, разбирања и поврзување на целините.

Со текот на годините дел од учесниците на вишњанските програми завршија како стипендисти на некои од најпрестижните универзитети. Некои од нив денес работат на големи проекти, како изградбата на најголемиот телескоп во светот во Чиле.

„Тоа на што сум горд не е купот камења, туку што таму се двајца Хрвати кои го водат тој проект, без оглед што тоа е американски проект, тоа е најголем проект во светот. Или кога одиме да го погледнеме радарското следење на опасните објекти, кој е внатре? Внатре се пак наши деца‟, заклучува Корлевиќ.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ