Кошаркарите на Карпош Соколи се единствените без пораз во Првата македонска кошаркарска, откако синоќа на домашен терен го победија Куманово, а Фени Индустри загуби во Кавадарци од Работнички.
Соколи клучната разлика ја направија во втората четвртина која ја добија со 28:18, а најтрофејниот македонски тим со голем пресврт по минус 20 се враи на гостувањето кај Фени и успеа на кавадарчани да им го нанесе првиот пораз оваа сезона.
Постигнати резултати:
Карпош Соколи – Куманово 90:83,
Фени Индустри – Работнички 79:82.
Во дербито на дното во вторник во Гевгелија, дебитантот во Првата лига Бест е домаќин на Струмица. Двете екипи по првите две кола се без победа, што значи дека двеата тима на дербито на југот ќе атакуваат на првиот успех.
Трето коло ќе се комплетира в среда со натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Кожув.
Табела: Карпош Соколи 6 бодови, Фени Индустри 5, Работнички 5, Куманово 4, МЗТ Скопје Аеродром 3, Кожув 3, Струмица 2, Бест 2.