Џими Савил, ѕвездата на BBC, снимен е како напствува 19 годипна тинејџерка. Тој неодамна беше обвинет дека десетина години наназад злоставувал млади девојки и девојчиња , а сега во јавноста се појави и видео на кое јасно се гледа како Савил ја пипка запрепастената Силвија Едвардс.
Се работи за видео записот од емисијата “Top of the Pops”, каде што се гледа дека Савил е опкружен со многу тинејџерки. Додека тој на гледачите им ја најавува следната песна, забележлива е реакцијата на Силвија. Девојката во еден момент станува од столицата и бега од водителот, по што тој само се насмевнува и продолжува да зборува.
Силвија за „The Sun“ изјави дека Савил и ја ставил раката под здолништето и тргнал да ја фаќа за задникот. Таа тврди дека за однесувањето на Савил се пожалила на одговорен во BBC, на што тој дрско и одговорил: “Губи се”.