Во третото коло во македонското кошаркарско првенство, екипата на Работнички дојде до изненадување на гостински терен, откако на чудесен начин го совлада Фени.
Работнички славеше против кавадаречкиот тим со 82:79 и тоа откако надополнија негатива од дури 20 поени разлика.
Најдобар поединец на натпреварот беше репрезентативецот Бојан Трајковски кој заврши со 23 поени и седум скока, а ветеранот Мираковски исто така имаше одлична вечер со 20 постигнати поени, додека Ѓуровски застана на 15.
Кај Фени Индустри најдобар поединец беше репрезентативецот Кирил Николовски со 24 поени.