Нови снимки кои се снимени од камерите на оделото на Феликс Баумгартнер нудат неверојатно доживување на кризните моменти во текот на историскиот скок.
Снимката е можност да влезете во оделото на Баумгартнер и да го искусите целиот пад, од скокот, преку неконтролираното вртење и пробивање на звучниот ѕид, па се до моментот кога се отвора падобранот.
Феликс е првиот човек кој го пробил звучниот ѕид, достигнувајќи брзина од 1342 км/ч и притоа постави три светски рекорди: најголемо искачување со балон, скок со падобран од најголема висина и најголема брзина при пад од атмосферата.