Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, спроведуван од Милиеуконтакт Македонија, денеска ќе ја продолжи локалната кампања за подигнување на јавната свест за климатските промени во општина Пехчево.
Кампањата се реализира во рамки на пет викенди во десетте општини каде овој проект се спроведува Студеничани, Пехчево, Делчево, Виница, Богданци, Кривогаштани, Прилеп, Боговиње, Маврово Ростуша и Теарце.
Преку елементи на едукација и забава, оваа кампања се очекува да ја подигање свеста на младите за глобалните климатски промени и начините за справување со нивните негативни ефекти на локално ниво.
Утре кампањата ќе се одржи во општина Делчево, а во недела во општина Виница.
Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени е четиригодишна иницијатива која ги подготвува општините да се справуваат со локалните предизвици предизвикани од климатските промени. Користејќи го иновативниот метод наречен Зелена Агенда, проектот ги спојува заедно граѓанските организации, граѓаните и општинските тела за да развијат акциони планови засновани на консензус кои се однесуваат на специфичните прашања за климатските промени со кои се соочуваат нивните заедници и со цел да работат кон ублажување на нивните ефекти.
Времетраењето на проектот е 48 месеци, а се имплементира во периодот помеѓу 2012 и 2016 година.