Честитка од Вељаноски по повод Денот на македонската револуционерна борба

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на сите граѓани на Републиката од свое лично име и од името на пратениците во Парламентот им го честитам овој голем празник.

– Наша обврска и должност е да оддадеме достојна почит на успесите од минатото, но гледајќи решително, заедно и обединето кон иднината. Внатрешната македонска револуционерна организација ја определува вредноста на се што е македонско. Застана на патот и беше решена како организација цврсто да ги брани македонските национални, културни, историски и цивилизациски придобивки, со длабоко врежано чувство на грижа за сите кои живеат на македонско тло, без разлика на вера и етничка припадност. Македонскиот непокор и вековната желба за слободна Македонија се вткаени во овие четири букви кои беа движечка сила за сите херојски подвизи. Во оваа прилика мораме да се потсетиме дека Македонија е зборот кој ги водеше борците за независна Македонија, и тој збор треба да не води и нас во денешните битки. Ние сме должни да го чуваме нашиот идентитет, јазик и култура, да сме обединети и да ги остваруваме нашите заеднички интереси, вели во честитката Вељаноски.

Ние како граѓани на Република Македонија, како што подвлекува Вељаноски, ја имаме можноста да работиме во демократска држава, и заедно да се вложиме кон нејзин развој и модернизација за генераците кои ќе следат да бидат горди на својата држава.

Би можело да ве интересира

Одбележан 7 Мај – Денот на македонската полиција

А1он

Денеска и утре автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред

А1он

ССМ: Газдите да исплатат 250 проценти поголема дневница за работа на празник

Катерина Ѓуровски

Денеска е Национален ден на Власите

А1он

Вeлја сабота

Татјана Ташкова

Следниот петок неработен ден за припадниците на бошњачката заедница

Наум Локоски