ССМ: Газдите да исплатат 250 проценти поголема дневница за работа на празник

Од:

Работниците кои работат за празниците треба да добијат 250 проценти поголема дневница од обичен работен ден, ги постесети денеска ССМ газдите на фирмите кои за Бадник и Божиќ работат, а кој согласно Законот за празниците на РМ денешниот е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед и утрешниот ден е неработен за сите граѓани.

-Согласно член 24, став 2 од Општиот колективен договор за приватниот сектор „За работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50 проценти, односно една дневница како за работникот кој не работи и една дневница зошто денеска работникот работи зголемена за 50 отсто или вкупно 250 проценти за работник кој работи на Државен празник, нагласуваат од Сојузот на синсикати на Македонија

Од Синдикатот порачуваат дека работниците мора да бидат информирани за да не ги манипулираат нивните газди и апелираат сите злоупотреби да се пријават во ССМ за да можат да ги спречат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За Мицкоски, протестот на Синдикатите е „вообичаена активност за 1 мај“

„За плата се бориме, не се молиме“, работниците на првомајки протест

Првомајски протест на Синдикатите, посебен режим во Скопје

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари

Трендафилов: Повеќе од три години откако Дарко Димовски не е повеќе меѓу нас, водат постапки обидувајќи се да докажат дека тој не е претседател на ССМ