Во последно време јавноста беше сведок на многу кучиња кои претендираа за епитетот најмало или најлесно во светот – но овој териер од Полска навистина е „лесен како пердув“ и има се што е потребно за да им ја одземе титулата на неговите конкуренти.
„Кога неговата мајка почна да го раѓа мислев дека од неа излезе дел од постелката и мислев да го фрлам тоа, но одеднаш почна нешто да се движи“, раскажува сопственичката ан Суни, Ана Похл, која додава дека вложила многу труд за да го одржи во живот.
Суни сега е среќно кученце и покрај тоа што ветеринарите предвидуваат дека нема многу да расте.