Честитка од Груевски по повод Денот на македонската револуционерна борба

Од:

Премиерот Никола Груевски, по повод големиот државен празник Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври денеска упати честитка до граѓаните на Република Македонија и до членовите на македонската дијаспора ширум светот.

– Овој ден ја симболизира истрајноста и пожртвуваноста на македонскиот народ, но и одлучноста и нескршливата волја за слобода и независност која ќе се преточи низ многу вековна борба и истрајност во создавање на сопствена држава. Ова е ден кога пред многу години македонскиот народ ја добива организацијата која по својата форма и функција ја отсликува оваа негова желба и која прераснува во предводник и организатор на македонската револуционерна борба за обезбедување на најосновните човекови права и можност за достоинствен живот, вели премиерот Груевски во честитката.

Целта на Внатрешната македонска револуционерна организација, додава тој, била изедначување на македонскиот со сите останати европски народи кои непречено ги изразувале и одржувале своите традиции, култури и посебности непречено на својот мајчин јазик.

– Основоположниците и нејзините членови имале вонредно тешка задача да го организираат народот и успешно да покренат движење кое ќе води кон слободата на Македонија. Благодарение на нивната неисцрпна љубов кон татковината, која им ја давала силата да истраат во своите напори и фанатичната посветеност кон зададената цел која е дел од битието на секој Македонец, членовите на ВМРО оставиле траен позитивен белег во нашата историја, а нивните вредности и дела трајно се вградиле во македонската државност, истакнува македонскиот премиер.

Пред таквата посветеност и упорност, потенцира, денес ја изразуваме нашата благодарност.
– Правото да ги одгледуваме и воспитуваме нашите деца во согласност со нашите обичаи и традиции, а со тоа и да ги зачуваме за идните поколенија Македонци во кои ќе продолжи да гори огнот на ваквите цели и идеали!, истакнува Груевски во честитката по повод Денот на Македонската револуционерна борба.

Тоа револуционерно дело, истакнува македонскиот премиер, ни дава добар пример да продолжиме со посветеност, со одговорен пристап, со мудрост и со истрајност да инвестираме во развојот на нашата земја, во унапредувањето на сите општествени сфери и давањето на можности за подобар живот и повисок стандард на граѓаните, за континуиран напредок и изградба на силна и модерна Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Одбележан 7 Мај – Денот на македонската полиција

А1он

Денеска и утре автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред

А1он

ССМ: Газдите да исплатат 250 проценти поголема дневница за работа на празник

Катерина Ѓуровски

Денеска е Национален ден на Власите

А1он

Вeлја сабота

Татјана Ташкова

Следниот петок неработен ден за припадниците на бошњачката заедница

Наум Локоски