Вевчани се збратими со романската општина Бран

Од:

Општина Вевчани денеска во Букурешт потпиша договор за збратимување со Романската општина Бран.

Општината Бран, позната по Замокот на Дракула ќе соработува со Вевчани на повеќе полиња, но главната цел на збратимувањето е Вевчанскиот карневал. Покрај Вевчани денеска во Букурешт под мотото „Заедно низ Европа“ ќе се збратимат повеќе општини од Македонија и Романија.

Збратимувањето, како што информира градоначалникот на Вевчани Цветомир Угриноски, е на иницијатива на општината Бран, а се реализира во рамки на одбележувањето 20 години од воспсотавувањето дипломатски односи меѓу Македонија и Романија. Соработката, според него, ќе овозможи влевање европски пари за реализација на локални проекти во Вевчани.

– Збратимувањето ќе значи поголеми можности за развој на туризмот и културата во Вевчани, но и можност за учество во меѓународни проекти со европските партнери, изјави Угриноски.

Замокот Бран или попознат кај народот како Замокот на Дракула е најпосетуваното место во Романија.

Општина Вевчани има воспоставеноп соработка и со Мелник од Бугарија , Ковачица од Србија и Херман Вил Сурмер од Франција.

Би можело да ве интересира

Обвинителството ги утврдува причините за смртта на седумесечното бебе од Вевчани

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

A1on

Во Вевчани: Маж со пушка пукал кон домашни миленици

Приведен вевчанец, пукал со пушка во домашни кучиња

Кривична пријава за лажниот лекар од Вевачни за надрилекарство, измама и за фалсификување

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на Заев со специјалци тепа луѓе на карневал кои го исмеваат лошото владеење на СДСM

Жарко Настоски