На 22.10.2015 година околу 03,40 часот, ограбена е бензинската станица „Дет Оил“ во кумановската населба Вера Которка –Доброшане.
Како што денеска соопшти МВР, две непознати маскирани лица со закана со огнено оружје и нож извршиле разбојништво над еден вработен одземајќи сума на пари од околу 10.000 денари.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.