Промоција на Правен билтен за судската пракса на европскиот суд за човекови права

Од:

Во Министерството за правда денеска ќе биде промовиран Правниот билтен посветен на судската пракса на Европскиот суд за човекови права чија цел е поуспешна примена на стандардите на Европската конвенција за човекови права од страна на националните судови во Македонија.

Во рамките на промоцијата, меѓудругите, ќе се обратат Лидија Неделкова, претседателка на Врховниот суд на Република Македонија, Штефан Пирнер, Регионален проектен раководител на ИРЗ задолжен за подрачјето на Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора.

Овој Правен билтен ќе претставува форма на информирање во редовни временски интервали на македонската стручна и општа јавност за судската пракса на Судот во Стразбур, како и за други актуелни теми во врска со ЕКЧП. Билтенот пред сè ќе се дистрибуира во електронска форма. На тој начин ќе се создаде актуелен медиум кој ќе известува без одлагање и ќе биде бесплатен.

Првиот број на Билтенот се состои исклучиво од пресуди на ЕСЧП. Меѓутоа, за идните броеви корисниците се поканети да доставуваат и свои трудови на теми во врска со ЕКЧП, коментари на пресудите на ЕСЧП, како и извештаи за одржани настани на теми од областа на човековите права или прикази на публикации на вакви теми.

Би можело да ве интересира

Македонија на 63 место според „Индексот на владеење на правото“

А1он

Македонија на 64-то место во светот според Индексот за владеење на правото на Светскиот проект за правда

А1он

Бернс: Донираната опрема е чекор кон зајакнување на владеењето на правото

Ана Ололовска

Стапи во сила Законот за бесплатна правна помош

Ана Ололовска

Прибе: Независни политичари услов за владеење на правото

Ана Ололовска

Шкариќ: Злоупотреби на правото има многу, а за нив малку се зборува

Ана Ололовска