Во организација на двата солунски универзитета „Аристотел“ и „Македонија“ и на Институтот за Балкански студии од Солун, од денеска до 24-ти овој месец во Солун, Грција, ќе се одржи Меѓународна научна конференција на тема „Солунскиот фронт во Првата светска војна“.
На покана од организаторите, како единствен претставник од Република Македонија, ќе учествува и редовниот професор на Институтот за историја при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Далибор Јовановски. Тој ќе има излагање на тема „Лични впечатоци од Солунскиот фронт за време на Големата војна“ .
На конференцијата ќе учествуваат еминентни научници од повеќе европски држави.