Под мотото борабата продолжува во Градскиот парк почнаа да се собираат средношколците на протестниот марш против лошите реформи во образованието.
Учениците информираат дека трпат притистоци, закани и уцени од страна на директорите и некои од професорите да не одат на протест.
Најмасовно досега пристигнаа учениците од „Орце Николов“, а доаѓаат и од Корчагин, ГУЦ, Ѓорги Димитров и Никола Карев.
Според информациите на Средношколскиот пленум учениците од гимназијата „Јосип Броз – Тито“ се заклучени во училниците, а на некои им се одземени и мобилните телефони за да не можат да комуницираат меѓусебно.
Маршот ќе продолжи до МОН, средношколците бараат укинување на екстерното тестирање и вклученост на пленумот во подготовка на нов концепт за полагање државна матура.
А.Б.