Популарниот холивудски актер Арнолд Шварценегер повторно ќе го глуми „Конан Варваринот“, ликот кој го лансираше меѓу ѕвездите и му ја трасираше успешната кариера на славниот актер.
Поранешниот гувернер на Калифорнија по завршувањето на политичката кариера му се врати на актерството, па по настапот во „Expendables 2“, повторно ќе се појави во главна улога, и тоа во ликот со кој се прослави.
Според сценариото, приказната треба да продолжи онаму каде што застана пред околу 30-на години.
Студиото „Јуниверсал“ најавува дека новиот филм на Конан со 65-годишниот Шварци во главната улога ќе се појави во 2014 година во кино-салите.