Под шатори во кал и со ќебиња кои се цедат од дождот седат родителите кои ги држат своите деца на границата помеѓу Хрватска и Србија. Тие чекаат да продолжат со патот кон Западна Европа , немаат каде да седнат, ниту пак да легнат.
-Го помиваме половина свет, ама вака никаде не било. Не знаеме зашто не не пуштаат. Децата преспаа на нозе. Полицијата не тепа, не турка, не пцуе, не тераа да седнеме во калта, објануваше за медиумите Али Рамид од Авганистан.
Сето ова се случува во моментот кога Хрватска е подготвена да изгради ѕид кон границата со Србија доколку пропадне планот за транзит на бегалците кон Словенија, тврди “Јутарњи лист“.
Плановите за ѕид на границата постојат подолго време, а проценките говорат дека доколку почне со изградба, тој би бил готов за две недели.
-Ако Словенија или Австрија драстично го редуцираат приливот на мигранти, не ни преостаниува ништо друго тука да поставиме ѕид на границата со Србија. Во тој случај оградата би се поставувала неколку недели, бидејќи има делови каде тоа би одело потешко, со оглед дека има мочуришта на делови од границата, рече за „Јутарњи лист“, извор од хрватската влада.