Најмалку 22 лица загинаа во налетот на тајфунот Копу на Филипините

Од:

Поројниот дожд ги продлабочи денеска последиците од поплавите во земјоделските и планинските области во северниот дел на Филипините, по налетот на најновиот тајфун, кој ја погоди земјата и во кој загинаа најмалку 22 лица.

Во поплавите, лизгањето на земјиштето и во чамците на море загинале 22 лица, соопштија филипинските власти.

Повеќе од 200 села во земјоделските области се поплавени, а во некои области има повеќе од еден метар вода.

Тропската бура Копу ослабна и се пресели во област на Јужното Кинеско Море, но силниот дожд значително ја влошува ситуацијата во северниот дел на Филипините, каде десетици илјади луѓе се раселени.

Копу е вториот тајфун, кој ги погоди Филипините оваа година и кој загрози речиси 300 илјади лица на главниот остров Лузон, соопшти владината Агенција за управување на природни непогоди.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски