Словенечката полиција употреби солзавец против бегалците

Од:

Словенечката полиција синоќа на граничниот премин Трновец, употреби солзавец против насобраните бегалците, јавија хрватските медиуми.

Како што наведува ХРТ, во Меѓумурје, кај граничниот премин Трновец, синоќа околу 23 часот дошла група од околу 1.800 лица, кои по 20 часа минати на дожд почнале да влегуваат во Словенија.

Последните автобуси на преминот пристигнале околу 20 часот, а во желбата да дојдат до превоз за продолжување на патот кон Австрија и Германија, бегалците почнале да се туркаат со словенечките полицајци, кои потоа употребиле солзавец.

Како што наведува хрватската телевизија,  со солзавец биле испрскани и мали деца.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина