Google разви нова апликација на својот сервис за пребарување, како и верзија на интернет пребарувачот Chrome за оперативниот систем Windows 8, чиешто официјално лансирање беше во вчера.
Microsoft почна со продажба на оперативниот систем Windows 8. Компанијата се обиде да направи универзален систем кој е погоден, како за конвенционалните персонални компјутери (PC), така и за таблетите со екран на допир.
Кон првичната работна платформа, во Windows 8 почетниот екран сеуште е исполнет со „живи плочи”, веќе познати од паметните телефони Windows Phone. Google ги адаптирал дизајн верзиите за двата сервиса под новата основа за интерфејсот на Windows 8.
Во примената на Google Search е интегрирана технологијата за гласовно пребарување, а исто така и инстант приказот на резултатите од пребарувањето на Google Instant. Специјалните логотипи коишто Google ги пласира за конкретни значајни датуми, ќе бидат прикажани директно на „плочката” на пребарувачката апликација на Google на почетниот екран на Windows 8.