Над 25 илјади посетители на „ТЕХНОМА 2015“

Од:

Над 25 илјади луѓе го посетија 41. Меѓународен саем на металургија, електроника, енергетика, нематали, градежништво, обезбедување и заштита „ТЕХНОМА 2015“.

На годинашниот саем, на кој во фокусот беа иновациите, посетителите имаа можност да се запознаат најновите технолошки достигнувања, проектите за енергетска ефикасност, иновативните производи и идеи.

Потврда на меѓународниот карактер на „ТЕХНОМА 2015“ беше и учеството на компании од Тајван во организација на Советот за развој на трговијата со странство на Тајван и преку Тајванскиот центар за трговија во Софија, како и повеќе фирми од Унгарија и Австрија.

Во рамки на саемот се одржа и Форум на иновации којшто беше организиран во соработка со Фонд за иновации и технолошки развој.

Учесниците и посетителите заклучија дека за подобрување на конкурентноста и извозот во Македонија потребно е да се креираат производи и услуги што создаваат дополнителна вредност на општеството, а иновациите и технолошкиот развој се меѓу најбитните фактори за подобрување на конкурентноста и за подигнување на животниот стандард на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Владата три дена одбива да каже колку пари потроши за стоте луѓе кои во Белград дегустираа вина

A1on

И Абазовиќ ќе присуствува на саемот Винска визија Отворен Балкан во Белград

А1он

Меѓународен саем „Органска трпеза” во Куманово

А1он

Виртуелен саем за развивање одржливи навики, мода и зелени бизниси

Ана Ололовска