ВИДЕО: Обвинителите на Јанева не се појавија да дадат заклетва

Од:

Седуммината јавни овинители предложени од Специјаланата обвинителка Катица Јанева и избрани од Советот за јавни обвинители денеска не се појавија во Советот да дадат заклетва.

Претседателот на советот Петар Аневски рече дека утринава Советот добил писмо од Министерството за правда со прилог со потписи од 4-те најголеми политички партии во кое се бара Советот да одржи седница и да ги избере останатите седум обвинители.

Денеска нема да се одржи таа седница. Аневски рече дека советот утре има веќе закажана седница на која што може да се разгледа ова прашање доколку Јанева поднесе барање до Советот.

„Сметаме дека писмото треба да биде упатено до јавната обвинителка, го доставивме на нејзино постапување да се обрати со допис и ние да постапуваме. Доколку достави допис ќе ги разгледаме нејзините барања“, рече тој.

Тој го повтори тврдењето дека засега 7 јавни обвинители ќе и бидат доволни на Јанева и дека Јавните обвинителства низ Македонија се пред колапс поради огромниот обем на работа и малиот број на кадри.

Не е е ова политика, рече Анески, туку сме во незавидна и тешка состојба.

Тој додаде дека доколку Јанева достави допис и образложи дека има премногу работа Советот дополнително би одлучувал.

Аневски смета дека не го крши законот за Специјано јавно обвинителство.

„Ги почитувам политичките партии, меѓународната заедница, ЕУ и американската амбасада, но ова е специфична ситуација. Не чувствувам дека треба да дадам оставка“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Со потерница ќе се бара 18-годишниот бегалец кој ја прегази Љуба Јаковлеска

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителството мора да постапи за спорниот тендер од 1,2 милиони евра

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство