Медицински совет на „Ало докторе“ досега побарале 57.330 пациенти

Од:

На телефонската линија „Ало докторе“ изминатата недела за медицински совет се јавиле 1.143 пациенти.

Најчесто, како што информира Министерството за здравство, пациентите се жалиле на главоболки, респираторни симптоми, покачена температура, како и на сезонски вируси предизивикани од променливите временски услови карактеристични за овој период од годината.

На сите овие лица им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето. За медицински совет се достапни 25 доктори, а повиците се од сите граѓани на државата.

Од започнувањето со работа на телефонската линија досега медицински совет им е даден на 57.330 пациенти.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза