Кошаркарите на Фени Индустри ја остварија и втората победа во првенството од Првата лига откако синоќа на гостувањето во Гевгелија го победија Кожув со 61:46. Со одличната одбрана гостите заслужено се радуваа на триумфот.
На другите два натпревара од 2.коло Работнички славеше убедлива победа над Бест со 84:46, додека Карпош Соколи победи на гостувањето кај Струмица со 79:55.
Дербито на колото Куманово – МЗТ Скопје Аеродром се игра во среда на 21.окотомври.
Табела: Карпош Соколи 2-0 (победи-порази), Фени Индустри 2-0, МЗТ Скопје А. 1-0, Работнички 1-1, Кожув 1-1, Куманово 0-1, Струмица 0-2, Бест 0-2.