Осветување на црквата „Света Петка Преподобна“ во Кавадарци

Од:

Во Кавадарци денеска ќе биде осветено новото духовно светилиште за сите православни христијани, црквата „Света Петка Преподобна“. На осветувањето ќе присуствува вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Според предвидената програма, со чинот на осветување на новоизградениот храм „Света Петка Преподобна“ ќе чиноначалствува  архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан во сослужение на митрополитот повардарски г. Агатангел, митрополитот преспанско- пелагониски г. Петар и митрополитот брегалнички г. Иларион.

По чинот на осветување ќе следи и света Архиерејска Литургија, а по нејзиното завршување и Свечена трпеза на љубовта.

По тој повод,  Македонската православна црква, Повардарска православна епархија и ктиторите „Фени Индустри“, општина Кавадарци, фирмите „Кожувчанка“ и „Градба Промет“, ги покануваат сите верници од 8 часот да присуствуваат на светиот чин на осветување на црквата „Света Петка Преподобна“.

Изградбата на црквата „Св. Петка Преподобна“ започна пред пет години, а според верниците, но и експертите ова е една од најубавите цркви во Македонија градени во византиски стил од клесан камен.

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите