Две различни групи на демонстранти, подржувачи и противници на бегалцитe, се собраа денеска на Вацлавскиот плоштад во Прага.
Додека протестантите кои се против бегалците се собраа пред Националниот музеј, акцијата против ксенофобијата беше оддржана во непосредна близина под статуата на Свети Вацлав во центарот на градот, јави дописникот на МИА.
Социологот Јана Шиклова потсети дека при војната во Југославија во 90. години на минатиот век, Чешка прими околу 40.000 луѓе.
– Забележавте дека некому му пречат?-праша Шиклова на што доби негативен одговор од демонстрантите.
Противниците на идејата да се примат бегалците и да се интегрираат во средината, се собраа под мотото „За нашата култура и безбедност на земјата-предупредување на проблеми поврзани со имиграцијата.