Ѓоковиќ и Цонга во финалето на Мастерсот во Шангај

Од:

Новак Ѓоковиќ и Жо-Вилфред Цонга ќе играат во финалето на Мастерсот во Шангај откако денеска во полуфиналните мечеви ги победија Енди Мареј односно Рафаел Надал.

Мечот на двајцата најдобри играчи на светот Ѓоковиќ и Мареј траеше 67 минути и Ѓоковиќ на Мареј му препушти само четири гема – 6:1 и 6:3 во сетови. Билансот на победи сега е 20:9 во корист на Ѓоковиќ.

Во второто полуфинале Цонга го победи Надал со 2:1 во сетови. Првиот сет му припадна на Цонга со 6:4, а Надал изедначи откако го доби вториот сет со 6:0. Во решавачкиот сет беше 7:5 за Цонга, кој ја постигна 4.та победа во 12.меч против Надал.

Утре во финалето ќе играат Ѓоковиќ и Цонга што ќе биде реприза на завршниот меч од 2012 година.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров