Унгарија од полноќ ја затвори „зелената“ граница со Хрватска за да спречи бран бегалци и заостри режим на службените гранични премини.
Унгарската Влада соопшти дека од синоќа ја „запечатила“ границата за да „заштити граѓани на Унгарија и на Европа“.
Портпаролот на Владата, Золтан Ковач рече дека од хуманитарни причини ќе биде овозможен влез на неколку стотици мигранти кои до границата пристигнале пред полноќ.
Хрватската радио-телевизија јави дека еден час по полноќ Унгарија кај преминот Ботово развлекла бодликава жица и така ја затвориле целосно границата. Според унгарски медиуми можно е на границата да има тензични ситуации. Границата ќе ја чуваат војници.