Рафаел Надал и Енди Мареј без поголеми проблеми изборија пласман во полуфиналето на Мастерсот во Шангај откако во денешните мечеви од четвртфиналето ги победија Стан Вавринка, односно Томаш Бердих.
Надал во четвртфиналето на Вавринка му препушти само три гема на Вавринка и славеше победа со 6:2 и 6:1 во сетови. Мареј на Бердих му дозволи да освои еден гем повеќе (вкупно четири) и го победи со 6:1 и 6:3 во сетови.
За разлика од нив победа од 2:0 во сетови постигна Новак Ѓоковиќ, кој првиот сет со Бернард Томиќ го доби во тај брек 7:6 (8:6), а во вториот беше убедлив со 6:1 во гемови.
Победа во три сета постигна Жо-Вилфред Цонга против Кевин Андерсон 2:1 (7:6 (8:6); 5:7 и 6:4).
Утре во полуфиналните мечеви ќе играат: Надал – Цонга и Ѓоковиќ – Мареј.