Меѓународната научна конференција за религијата и насилството

Од:

Во организација на Државниот универзитет во Тетово во соработка со два австриски универзитета, денеска се одржа меѓународна научна конференција „Религијата и насилството” на која учествуваше и министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми.

Религијата има голема улога во политичките и глобалните случувања, рече Адеми во своето обраќање пред присутните, посочувајќо оти таа има суштинска улога во сите фази на развојот на човековото општество.

– Од првиот човек на земјата, па до денес, религиите имале и се уште имаат доминантна улога во формирањето на човековиот идентитет, но исто така и во регулирањето на многу општествени системи. Религиите во суштина го исклучуваат насилството и криминалот, но факт е тоа дека тие често стануваат причина за криза и големо крвопролевање, додаде Адеми.

За жал, повдлече тој, низ историјата и денес, религиите се злоупотребуваат од страна на одредени луѓе и одредени општества со цел да се постигне политичка кауза преку насилни средства.

– За жал, и денес светот продолжува да ги доживува крвавите војни што се случуваат на Блискиот исток каде што се инкриминирани монотеистичките религии и нивните секташки поделби. Албанците се единствен пример во светот за народ кој успеал да егзистира во хармонија со повеќе религии. Оваа карактеристика била присутна дури и во периодите кога религиите го дефинирале сето тоа што се однесувало во развојот на човечките идентитети, истакна Адеми.

Според него, освен меѓусебната верска хармонија, Албанците покажале солидарност и хуманост и со другите религиозни и етнички заедници, како што бил примерот на спасување на стотици илјади Евреи за време на Втората светска војна.

Во Македонија со години функционираат верските институции. Албанците и другите припадници на исламската вероисповед, нивните образовни и верски активности се тесно поврзани со установите на Исламската верска зедница, односно Медресата и Факултетот за исламски науки во Скопје.

– Овој факултет, по многу години функционирање е акредитиран од страна на Министерството за образование и наука, при што студентите имаат можност за стекнување на знаења и признавање на нивните дипломи. Министерство за образование и наука, оваа година издвои 65 илјади евра, а следната година ќе се издвојат 100 илјади евра. Се надевам дека овие средства ќе имаат влијание врз зголемување на квалитетот на студиите и нивното меѓународно признавање, рече Адеми, додавајќи дека со оваа директна помош на Факултетот за исламски науки во Скопје, повеќе нема потреба студентите да студираат на разни места, односно на блискиот исток каде што покрај безбедноста често стануваат плен и на пропаганда на различни увозници на култури неспоиви со албанската култура и несоодветна за овие простори.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза