„Национална Демократска Преродба изразува загриженост за негативните пораки што доаѓаат од званичен Брисел во врска со прогресот на Македонија за кандидатскиот статус за зачленување во Европска Унија. Ова порака е еден лош знак за земјата бидејќи се работи за одложување на рокот на објавување на прогрес-извештаите на неопределено време. Во јустификација на званичен Брисел, се вели дека одложувањето е поради кризата со мигрантите, но ние сме сведоци дека кога се работи за Македонија, ова одложување се случува поради сериозниот неуспех на политичките актери за целосно почитување на договорот од Пржино и препораките на извештајот на Прибе.
Национална Демократска Преродба во неколку наврати има нагласено дека овие политички актери имаат создадено неизлечива штета на земјата, и ова се потврдува и во најделикатните моменти на дефинирање на земјата кон патот на Европска Унија. Одложувањето на европскиот извештај за прогресот на земјата е уште еден дополнителен аргумент дека многу нешта не одат во прилог на земјата, и поради ова се бара ургентна интервенција од страна на меѓународниот фактор, особено американскиот. Овие политичари не заслужуваат втора шанса бидејќи земјата нема капацитет да се справи со втори шанси од ваков вид“, се вели во соопштението на НДП.