Најмалку седум лица загинаа во три моќни експлозии во нигерискиот град Мајдугури. Бомбите биле активирани од тројца самоубијци.
Експлозиите се случиле во квартот Аџилари Крос, кој беше цел на напади на два пати претходно во септември годинава.
На 20 септември годинава во истиот кварт на Мајдугури во напад загинаа 117 лица.
На 1 октомври 10 лица загинаа, а 39 беа повредени, откако четири бомбаши самоубијци извршија напад во кварт на Мајдугури во близина на аеродромот и воената база.